Малку познатата компанија во светот,,Royole Corporation“ со седиште во Калифорнија, го претстави првиот паметен телефон на склопување.

,,Ројол Корпорејшн“ е специјализирана компанија за флексибилни телефони и ја доби трката со Самсунг, кој најавуваше ваков вид телефони.

Кога ќе се отвори, уредот претставува еден дисплеј со големина од 19,8 сантиметри и е поголем од некои таблети.

Но, кога е затворен телефонот, се прикажуваат три одделни екрани на предната и на задната страна , но и на ‘рбетот од апаратот.

,,Ројол“ својот мобилен телефон го претстави во Кина и најави дека ќе има три пробни продажби.

 

Новиот телефон “FlexPai”, кој претставува комбинација од смартфон и таблет, на купувачите низ светот ќе им биде достапен од декември по цена од 1.200 евра.