SCOOP: Имотот на министерката Царовска за една година се зголемил за 1,3 милиони евра

Центарот за истражувачко новинарство Скуп-Македонија, направи анализа на имотот на министрите и дојде до заклучок дека само за една година имотот на министерката за труд и социјала, Мила Царовска, се зголемил ни помалку ни повеќе, туку за 1,3 милиони евра.

  • Имотот министерката Мила Царовска во септември 2018 година имал вредност од само 212.990 евра, додека сега тој изнесува 1.591.597 евра.
  • Две ставки додала и Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска Јанковска.
  • Само една ставка, и тоа без наведена вредност, дополнил министерот за земјоделство во заминување, Љупчо Николовски.
  • Имотната состојба на министерот Никола Димитров, за разлика од горенаведените министри, е намалена

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го зголемила својот имот за шест пати во рок од само една година. Според анализата на СКУП во рамките на проектот Политички Експонирани личности, на нејзиниот пријавен имотен лист од септември 2018 година, вреден 212.990 евра, се додадени ставки вредни 1.378.607 евра, со што нејзината моментална имотна состојба изнесува 1.591.597 евра.

Од Министерството објаснуваат дека станува збор за надополнување на анкетниот лист со имот на родител, со кој Царовска не живее заедно. „Освен земјиштето во Јастребник кое што е ново стекнато, сите други ставки во анкетниот лист се надополнување. Надополнувањето е направено за поголема транспарентност, иако по Закон не треба да се пријави бидејќи станува збор за имот на родител со кој министерката не живее во исто домаќинство“.

Повеќе на :